Saturday, March 19, 2011

Списанието ,,Глас,,


                                         Списанието ,,Глас“

          ..Глас“ е списание кое традиционално  го издава нашето училиште и  во секој негов број се   сумирани дел од активностите и успесите на училиштето. Тоа  претставува радост за учниците и гордост на вработените.
           Идејата за вакво списание постоеше  многу одамна,  но  се преточи во стварност на 24  февруари 2005 година кога излезе првиот број од списанието ,,Глас“. За името на списанието воопшто не се размислуваше, тоа како да беше кажано многу одамна пред излегувањето на нашиот првенец. Името го доби во чест на нашиот патрон, поет и учител  Рајко Жинзифов , чиј ГЛАС е постојано  присутен и одекнува во сите нас. Истовремено списанието е   ГЛАС на успесите на учениците и вработените.
          Излегува секоја година во месец февруари кога со низа активности го одбележуваме птрониот празник.
    Седмиот, последен број излезе на 7 февруари 2011 година.
Во секој број се застапени успесите на учениците во период од еден до друг патронат, активности на секциите , проектни активности , од работата на стручните активи, а  секако свое место  наоѓаат текстови од дневниците на педагогот  и директорот на училиштето.
Број-1

Број-2
Број- 4

Број-3




Број- 5

Број- 6

Број- 7

No comments:

Post a Comment