Еко училиште

                                 Собирна акција на стара хартија и пластика







Изработката на креативни соопштенија , ознаки за заштеда на енергија и вода беа изготвени од вредните раце на 20 пeтина ученици од сите основни општински училишта. Еко програмата ја постигна својата оправданост бдејќи истите се изработија со реупотреба на пластика, хартија цедиња.










 

Во нашето училиште секој понеделник се реализираат акции за чист и уреден училишен двор. На акциите се уредуваат цветните површини, се собира сметот и се класифицира пластиката 

 



По повод денот на Бошњаците во нашето училиште традиционално се реализира ликовна работилница со учество на ученици и наставници ментори од сите основни училишта од општината. На наше огромно задоволство одзивот и интересот е голем а збирката ликовни творби претставува значаен белег и украс на училиштето




-       За чиста Македонија








По повод светскиот ден без автомобили во нашето училиште се организираа низа активности за одбележување и тоа
-       ликовна работилница за изработка на медали од отпаден материјал,
-       изработки Велосипеди и автомобили од отпаден материјал,
-       изготвување на пано во училишен хол
-       презентација на тема Ден без автомобили
-       Активност со велосипед по овој убав свет









      По повод Денот на Планетата Земја 05.06 во нашето училиште беа организирани низа активности се со  цел да се подигне и развие ЕКО свеста на учениците и возрасните преку заедничка реализација на истите.
-       Беше организирано и презентирано предавање на тема;Планетата земја е наша мајка , да ја чуваме да не ја уништуваме.
-       Се реализираше ликовна работилница со учениците од I доV одделение
-       Се изврши засадување на локални цвекиња во жардињери од пластични шишиња
-       Се организираше акција за чистење на училиштето и училишниот двор
-       Се реализираше собирна акција на пластика











На  24.02.2012 година во ООУ,,Рајко Жинзифов, се одржа пригодна свечена програма по повод подигнувањето на второто зелено знаме. Се вбројуваме во трите основни училишта во државата кои ја добија оваа прекрасна награда по втор пат. Горди сме на неа. Ќе продолжиме да работиме како и до сега за истата да ја оправдаме.










Коктел на здрава храна


Паноа со еко пораки и совети за здрава исхрана
 На следниот линк проследете слајд шоу од програмата. 
Eko бајка 

Нашето училиште е вклучено во еко проектот од 2008 година.
   Проектот е одобрен од МОН, БРО, ОХО организацијата. Исто така соработуваме со 350 org, организацијата која ги објавува нашите слики и активности. Во проектот се вклучени наставници, ученици, родители и други институции кои ни помагаат во реализација на планираните активности. Континуирано се организираат: еко работилници, собирни акции на пластика, хартија, се одбележуваат сите меѓународни денови и празници, уредување на училишниот двор, ходниците, училниците, паноата идр. Добитници сме на најголемото признание зелено знаме во 2009 година кое свечено е подигнато на 11.02.2011, со пригодна програма пред гостите која отпочна со пеење на еко химната подготвена од наши ученици и наставници. Активностите продолжуваат континуирано со исполнување на еко стандардите, и гордо може да истакнеме дека сме по втор пат добитници на зеленото знаме и сертификат, помеѓу голема конкуренција од училишта. Во тек се подготовките за свеченоста подигање на зеленото знаме по вторпат.
Свеченост  на   доделување на Зеленото знаме
Сертификат за училиштето
 Следат слики од разни свечености по  повод добивање на зеленото знаме.
 

                                           


 

                       

                                                                                                            

На следниот линк проследете слајд шоу од програмата.              Еко приредба                              21 Maрт - Ден на екологијата  и подигање на зеленото знаме
 Денес е убав ден. Светол, значаен за човештвото и за нас луѓето.
 Денес е почеток на пролетта – Ден на екологијата.
 Секојдневно сме сведоци на разни уништувања на мајката природа преку еколошките катастрофи со огромен размер.Големите нарушувања во природата ги прави и човекот.Треба да бидеме вистински чувари на здрава животна средина зашто ќе го развиеме системот на вредности, одговорност и обврска да бидеме чувари на својата иднина.
И токму тоа е причината што нашето училиште ООУ„Рајко Жинзифов“ ја започна својата Еко приказна. Аплицирајќи во програмата „Како да се стане Еко училиште“ стигнавме до највисокото зелено ниво – Зеленото знаме.
  Во присуство на претставници од граѓанската асоцијација ОХО, што ни ја додели оваа награда, претставникот од МОН г-дин Љупчо Спасовски, гости од БРО, од Општина Велес, директори од повеќе општински училишта, родители – членови на Еко одборот и други гости, денес свечено го подигнавме зеленото знаме во дворот на ООУ„Рајко Жинзифов“ а потоа засадивме и повеќе борчиња.
 Потоа следуваше пригодна програма посветена на овој свечен ден.Ја засадивме иднината и сонот за пошумена Македонија.Ја боиме нашата татковина во зелено.Растеме заедно кон нова и подобра иднина.      На следниот линк погледнете слајд шоу од програмата.      Подигање на зеленото знаме
   
 

Координатор на Еко проектот 
Тања Николова

Претставник од МОН

Директор на ОХО организацијата

Изјава од Директорот на училиштето м-р- Рефика Селмановиќ
Ритмичка група
Екологисти - рецитал
Ученици од 3 одд- Превалец
Ритмика -2одд.
Тим од наставници
Еко кодекс
Засадување на садници
                                                          Пеење на Еко химна 



На следниот линк може да ја слушнете еко химната.
Еко химна 

                                                      
                              Еко Работилница 

      По повод 28 Септември,  Денот на бошњаците, во училиштето ООУ „Рајко Жинзифов“, Горно Оризари се одржа ликовна работилница под мотото „Цртежот ги надминува јазичните и верските бариери“. Традиционално веке 5 години по ред, на настанот беа поканети ученици од сите општински училишта од сите националности: македонци, бошњаци, власи, турци, роми, албанци. Дел од учениците работеа на керамички плочки под мотото „Зеленото е во мода“, а останатиот дел работеа на рециклирана хартија под мотото „Овој свет да не биде во смет“. Одговорни наставнички: Тања Николова и Лила Арсова.
На ликовната работилница и претходеше велосипедски крос од училиштето до центарот на селото, со цел да се пренесе порака да се стори нешто за да се намали емисијата на CO2 во воздухот. Одговорен наставник Есма Калач
 

                                                      


.
                                                  

                                                   

                                                    

                                                    

                                                      

                                                       

                                                      

                                                        

                                                      

На следнот линк погледнете акции на собирање пластика.