ПАТРОНАТ - 2013
На овој линк проследете го видеото од денот на јазиците што се одржа во училиштето во Превалец
Ден на јазиците
На следниот линк погледнете слики од крводарителската акција организирана во нашето училиште.
Крводарителска акција
На следниот линк погледнете ги сликите од Поетскиот ден и доделување на наградите по распишаниот литературен конкурс.
Поетски ден
На следните линкови проследете дел од програмата на прославата на патронатот.
Балетска изведба
Приредба
На следниот линк погледнете ги сликите од спортскиот ден како дел од патроните активности.
Спортски ден
На следниот линк погледнете ги сликите од приредбата во Бели мугри, Велес.
Слики од приредбата во Бели мугри, Велес
28 Септември 2012 - Ден на Бошњаците
На овој линк проследете го видеото од денот на јазиците што се одржа во училиштето во Превалец
Ден на јазиците
На следниот линк погледнете слики од крводарителската акција организирана во нашето училиште.
Крводарителска акција
На следниот линк погледнете ги сликите од Поетскиот ден и доделување на наградите по распишаниот литературен конкурс.
Поетски ден
На следните линкови проследете дел од програмата на прославата на патронатот.
Балетска изведба
Приредба
На следниот линк погледнете ги сликите од спортскиот ден како дел од патроните активности.
Спортски ден
На следниот линк погледнете ги сликите од приредбата во Бели мугри, Велес.
Слики од приредбата во Бели мугри, Велес
28 Септември 2012 - Ден на Бошњаците
28
Септември 2012, Денот на Бошњаците, во
нашето училиште беше одбележан со низа активости: ликовна работилница,
литературен конкурс, спортски активности.
Традицијата
и обичаите на Бошњаците беа присутни
во повеќе активости.
На самиот влез во училиштето гостите од основните училишта
од градот, од двете населби, Горно
Оризари и Превалец беа пречекани и понудени на традиционален начин со локум од девојчиња во традиционална
бошњачка облека. Поетско – музичкиот
колаж исто така беше во знакот на традицијата, па присутните имаа можност да се
запознаат со обичаите, културното наследство, книжевност, архитектура, музика,
севдалинки, бошњачки песни и ора .
Одговорен тим за програмата беа Јагода Матева, Снежана Стојанова, Живка Џгурова, Кирил Унев, Зилха Биберовиќ, Орданка Петковска, Невенка Ѓошева и Есма Калач.
Одговорен тим за програмата беа Јагода Матева, Снежана Стојанова, Живка Џгурова, Кирил Унев, Зилха Биберовиќ, Орданка Петковска, Невенка Ѓошева и Есма Калач.
Присутните имаа можност да ги погледаат
цртежите од ликовната работилница како и најдобрите песни по распишаниот
литературен конкурс на тема ,, Традиција
на Бошњаците,,
Со големо внимание се задржуваа на
штандот со стари бошњачки предмети.Тука беа прекрасните рачно изработени килими
со бошњачки мотиви. Таписерии, везени парчиња, родан, пегла на жар. На старите
времиња поптсетуваа неизбжените прибори
за варење чај, за кафе, сребрените чаши и послужавници со што се искажува
гостопримството на бошњачкиот народ. Одговорни наставници за штандот беа Есма Калач, Зилха Биберовиќ,Тања Николова и Иван Пљоков.
На
крај сите присутни и гости имаа можост да се почестат со традционалите јадења : мантии, пити, колачи, баклава. Од
учиилишните простории заминаа побогати со сознанија за традицијата и обичаите
на Бошњаците.
Следат слики од програмата, штандот со стари босански предмети и од традиционалните босански јадења.
Следат слики од програмата, штандот со стари босански предмети и од традиционалните босански јадења.
На
24. 10. 2012 во ООУ ,,Рајко Жинзифов“ Горно Оризари беше одбележан верскиот
празник Курбан Бајрам. По тој повод беше распишан литературен и ликовен конкурс за учениците од
одделенска и предметна настава .Тие инспирирани од обичаите, традицијата која
им внесувa радост за Бајрамските празнувања создадоа прекрасни творби.
Најдобрите беа наградени.
Присутните наставници, гости, ученици и родители од Населбата Превалец
имаа можост да ја проследат пригодната
програма .
Одбележувањето започна со презентација
за празникот изработена и презентирана
од Есма Калач, поздрав од Директорот, а потоа следеше драма ,,Бајрам ,, која на многумина
им ги насолзи очите. Преку неа гостите
се запознаа со обичаите за Бајрам,(одењето во џамија, делењето Курбан , одење на деца по куќите,
доаѓње гости. Автентичноста на традицијата беше запазена и преку
традиционалните облеки (машки и женски)
илјахии, традиционалните песни и народни
ора.
Одговорен
тим за програмата беа Јагода Матева, Снежана Стојанова, Живка Џгурова,
Кирил Унев, Зилха Биберовиќ, Орданка Петковска, Невенка Ѓошева и Есма
Калач.
Патронен празник- 02.2012година
Ликовен салон Велес
„Делото на Жинзифов ги премости вековите“ е мотото под кое годинава се одбележува 135 годишнината од смртта на овој македонски великан чие чествување е дел од Програмата за култура на Општина Велес за 2012 година. ООУ „Рајко Жинзифов“ од Горно Оризари во текот на месец февруари организира низа настани за достојно сочувување на ликот на литературниот деец. Во рамките на програмските активности на 23 февруари на свеченоста во преполниот Ликовен салон се обрати директорката г-ѓа Рефика Селмановиќ, а учениците изведоа програма во чест на нивниот патрон.
Изведбата на литературниот и музички колаж со извадоци од ненадминливото творештво на Жинзифов, не остави рамнодушен никој од присутните. Во продолжение на настанот, пригодна реч за животот и делото на Жинзифов одржа проф. д-р Науме Радически од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК
Во периодот од 7 до 15 февруари ООУ,,Рајко Жинзифов“ беше гостољубив домаќин и дишеше со најразновидни патрони активности, во кои нашите ученици покажаа многу свои способности, вештини, знаења.
Програмата започна на 7.02.2011 год. со ревијален фудбалски натпревар кој протече во пријателска и фер спортска амосвера меѓу нашата и екипита на ОО,, Лирија“ од Горно Јаболчиште.
На 8. 02.2011г. во училишниот двор одекнуваа возбудени детски гласови од најмалите ученици кои се натпреваруваа во разни игри без граници. На најдобрите поединци им беа доделени дипломи.
Литературно читање и ликовна изложба на тема ,,Што би било кога би било“ се одржа на 9.02. Средбата започна со стихови од патронот , а продолжи со наградените и пофалени песни на ученици од Опшината. Учениците инспирација за творење побараа во идеjата во каков свет посакуваат да живеат. Ги водеше мислата што би било кога би се оствариле нивните размислувања за живот без било какви ограничувања од страна на родителите и наставниците.
Во рамките на патроните активности 10 .02. 2010 г. беше отворен ден на училиштето што значи родителите можеа да присуствуваат на повеќе нагледни часови со примена на ИКТ во наставата.
11. 02. 2011г. беше ден за ЕКО -ПРОГРАМА . Младите екологисти со песна, игра и стихови уште еднаш покажаа како треба да се грижиме за нашата средина. Приредбата со интерес и воодушевување беше проследена од ученици, наставници и родители кои даваат придонес за реализација на проектот ,, Како да се стане ЕКО- УЧИЛИШТЕ.
За првпат вработените и родителите во соработка со Црвениот крст на 14. 02. организираа крводарителска акција дарувајќи течност што живот значи и на тој начин ја покажаа својата хуманост на дело.
Завршната манифестација се одржа на 15. 02. 2011г. кога со положување на свежо цвеќе пред бистата на патронот одекнаа стиховите на вечно актуелната ,, Глас“. Пред почетокот на сите присутни им беше поделен 7 број од училишното списание ,, Глас“ во кое се објавени дел од активностите и резултатите на учениците во периодот меѓу два патрони празника.
Предвидениот училиштен простор за приребата беше испокнет во целост, забележав и такви кои стоеја. Со своето присуство не почестија претставницци од Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Локалната самоуправа, директори и наставници од основните училишта, родители и други гости. Пред самиот почеток , присутните на видео бим можеа да проследат презентација преку која се запознаа со училиштето и успесите постигнати во овој период.
Се отвори сцената , а на неа детска соба со ТВ приемник, неколку лап-топа, книги , играчки . Започна драмско – музичкиот колаж и изведба на драмата ,,Што би било, кога би било“. Во преполнетиот простор сите, младите изведувачи и публиката како да дишеа заедно. На моменти имав впечаток како драмата да се изведува во празен простор, но набрзо слушаш како публиката се смее, но сите како еден, само миг, за повторно да завладее апсолутна тишина. Се менуваа овие елементи кои говореа за потполна и целосна заинтересираност на публиката за она што се случувше на сцената. Приредбата започна и заврши весело со песна и игра, онака каков што е и треба да биде животот на нашите најмлади.
На следниот линк проследете слајд шоу од програмата.
Патронат 2011
На следниот линк проследете слајд шоу од програмата.
Патронат 2011
Директор, педагог, секретар и наставен кадар
|
Положување на цвеќе пред бистата на патронот |
Поздравен говор Самра Шатара |
Настап на училишниот оркестар |
Поздравен говор-Директор |
Рецитирање на песната ,,Глас,, Хусковиќ Аделиса |
Ритмичка група |
Драматизација |
Ученици од 3 одд.-Превалец |
Ритмика 3-5 одд.Оризари |
Гости |
28 Септември- Меѓународен ден на Бошњаците
По повод 28 септември Ден на Бошњаците во Република Македонија, се одржа пригодна програма во салата ,, Бели мугри,, во Велес, во присуство на многу гости од различни установи и организации, како и директори од училишта, родители и многу други посетители.
На почетокот на програмата гостите имаа можност да проследат кратка презентација за традицијата, обичаите, носиите, традиционалните јадења, приборот за кафе, музички инструменти и слично, која беше проследена со големо внмание.
Презентацијата ја подготви: Есма Калач, а читаше Селма Каришик.
Програмата ја подготвија тим од наставници во состав: Снежана Стојанова, Јагода Матева, Живка Џгурова, Кирил Унев, Селма Каришик.На почетокот на програмата гостите имаа можност да проследат кратка презентација за традицијата, обичаите, носиите, традиционалните јадења, приборот за кафе, музички инструменти и слично, која беше проследена со големо внмание.
Презентацијата ја подготви: Есма Калач, а читаше Селма Каришик.
За сцената беа одговорни Борче Стојановски и Алан Реч.
Координатор на програмамта беше Живка Џгурова.
No comments:
Post a Comment