Wednesday, January 4, 2012

Патронат




Во периодот од 7 до 15 февруари ООУ,,Рајко Жинзифов“  беше гостољубив домаќин и  дишеше со најразновидни патрони активности, во кои нашите ученици покажаа многу свои способности, вештини, знаења.
      Програмата започна на 7.02.2011 год. со  ревијален фудбалски натпревар кој протече во пријателска и фер спортска амосвера меѓу нашата и екипита на ОО,, Лирија“ од Горно Јаболчиште.
     На 8. 02.2011г. во училишниот двор одекнуваа возбудени детски гласови од најмалите ученици  кои се натпреваруваа во разни игри без граници. На најдобрите поединци им беа доделени дипломи.
            Литературно читање и ликовна изложба на тема ,,Што би било кога би било“ се  одржа на 9.02. Средбата започна со стихови од патронот , а продолжи со наградените и пофалени песни на ученици од  Опшината. Учениците инспирација за творење побараа во идеjата во каков свет посакуваат да живеат.  Ги водеше мислата што би било кога би се оствариле нивните размислувања за живот без било какви ограничувања од страна на родителите и наставниците.
            Во рамките на патроните активности  10 .02. 2010 г. беше отворен ден на училиштето што значи родителите можеа да присуствуваат на повеќе нагледни часови со примена на ИКТ во наставата.
         11. 02. 2011г.  беше ден за ЕКО -ПРОГРАМА . Младите екологисти со песна, игра и стихови уште еднаш покажаа како треба да се грижиме за нашата средина. Приредбата со интерес и воодушевување беше проследена од ученици, наставници и родители кои даваат придонес за  реализација на проектот ,, Како да се стане ЕКО- УЧИЛИШТЕ.
       За првпат вработените и родителите во соработка со Црвениот крст  на 14. 02. организираа крводарителска акција дарувајќи течност што живот значи и на тој начин ја   покажаа својата хуманост на дело.
            Завршната манифестација се одржа на 15. 02. 2011г. кога со положување на свежо цвеќе   пред бистата на патронот одекнаа стиховите на вечно актуелната ,, Глас“. Пред почетокот на сите присутни им беше поделен 7 број од училишното списание  ,, Глас“ во кое се објавени дел од активностите и резултатите на учениците во периодот меѓу два патрони празника.
            Предвидениот училиштен простор за приребата беше испокнет во целост, забележав и такви кои стоеја. Со своето присуство не почестија  претставницци од Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Локалната самоуправа, директори и наставници од основните училишта, родители и други гости. Пред самиот почеток , присутните на видео бим можеа да проследат  презентација  преку која се запознаа со училиштето и успесите постигнати во овој период.
 Се отвори сцената , а на неа детска соба со ТВ приемник, неколку  лап-топа, книги , играчки . Започна драмско  – музичкиот колаж и изведба на драмата ,,Што би било, кога би било“. Во преполнетиот простор сите, младите изведувачи и публиката како да дишеа  заедно.  На моменти имав впечаток како драмата да се изведува во празен простор, но набрзо слушаш како публиката се смее, но сите како еден, само миг, за повторно да завладее апсолутна тишина. Се менуваа овие елементи кои говореа за потполна и целосна заинтересираност на публиката за она што се случувше на сцената. Приредбата започна и заврши весело со песна и игра, онака каков што е и треба да биде животот на нашите најмлади.
                                                                                                              












Положување на цвеќе пред бистата на патронот
Поздравен говор
Настап на училишниот оркестар
Поздравен говор-Самра Шатара
Рецитирање на песната ,,Глас,,- Хусковиќ Аделиса
Ритмичка група
Драматизација

Ученици од 3 одд.-Превалец
Гости
Ритмика  3-5 одд.Оризари

Коктел

1 comment:

  1. Ковид-19 има тешка година, но со помош на понудата за заем на г-дин Педро успеав да поминам затоа што неговата понуда за заем од 2% навистина ми помогна многу и благодарен сум што можам да споделам овде дека г-дин Педро нуди заеми на 2 % стапка, исто така, тој може да финансира секаков вид на легитимен бизнис или да бара лична финансиска помош. Е-пошта: pedroloanss@gmail.com и Whats-App: +1- 8632310632

    ReplyDelete