Обуки,семинари,проекти и други активности

                                                               ИЗВЕШТАЈ

          Во склоп на патроните активности на 18.02.2012 година во ООУ,,Рајко Жинзифов,, Оризари, Велес се реализира крводарителска акција под мотото ,,ВАШАТА КРВ СПАСУВА ЖИВОТ,, во која земаа учество и на дело ја покажаа својата хуманост наставници од училиштето и граѓани од населбите Превалец и Оризари.

                                       ИЗВЕШТАЈ

      На 22.12.2012 година во хотелот Александар Палас во Скопје се одржа завршна манифестација  од проектот Мултиетничко образование
Учесници на настанот беа наставници и ученици кој учествуваа во летниот камп и мулти-култи автобусот.                                                                                                                          
       На присутните им се обрати министерот за образование Панче Кралев, заменик министер Сафет Незири, наставници и ученици учесници во проектот. Беше промовиран и документарен филм од Летниот камп во Охрид и  екскурзиите со мулти - култи автобусот.
Беа доделени наградите од ликовниот караван, после тоа следуваше коктел. Наставниците и учениците учесници  искажаа задоволство за повторната средба и посакаа да продолжи проектот.
Oд нашето училиште учествуваа одговорниот наставник на мулти култи автобусот Есма Калач, оделенскиот наставник Зилха Биберовиќ и учениците Аделиса Мустајбашиќ и Суат Карталовиќ 
На следниот линк може да прочиатате повеќе Мулти-култи
 









ИЗВЕШТАЈ



Од одржаниот СЕМИНАР,  на ден 05.12.2012 година, во спортската сала на основното училиште  „Глигор Прличев“ во Охрид. Семинарот беше организиран

 од страна на:

-       Факултетот за физичка култура од Скопје во соработка со Федерацијата на училишен спорт на Македонија, и под покровителство на Владата на Р.Македонија;

-       Агенцијата за Млади и спорт на Република Македонија;

-       Министерството за образование и наука;

-       Бирото за развој на образованието .

На истиот, учество зедоа одделенски наставници и наставници по физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности од повеќе градови во Република Македонија.

         

По однос на оваа програма, беа одржани предавања, усно од професорите, а истите беа објаснети од нивните асистенти и демонстрирани од група ученици при ОУ „Глигор Прличев“,Охрид.

Присутни на семинарот:

-       Одделенски наставник  Невенка Ѓошева

-       Наставник по физичко и здравствено образование Живка Џгурова



                                         ИЗВЕШТАЈ
     
Од осмата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“. Конференцијата се фокусираше на отворените образовни ресурси и отворениот пристап, како и правно-институционалните предуслови за нивниот развој во државите во регионот.
На конференцијата учествуваа околу 250 учесници од земјата и од странство. Структурата на учесниците беше сочинета од претставници од образовниот сектор, како од основните и средните училишта, така и од високо-образовните и соодветните владини институции, граѓанскиот и деловниот сектор.

Конференцијата траеше два работни дена, во рамките на кои се дискутираше на 8 различни теми во различни сесии, со најголем акцекнт на отворените образовни ресусри, достапните можности и потребните капацитети за нивниот развој, капацитетите за применување отворен пристап во високото образование во Македонија и во земјите од регионот, како и улогата на граѓанскиот и деловниот сектор во можностите за стекнување знаење преку неформално образование. Во текот на двата дена, свои излагања имаа вкупно 36 говорници од Македонија, Полска, Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Албанија, Белгија, Босна и Херцеговина и Америка, а после нивните презентации и говори се одвиваше интерактивна дискусија со публиката.

Проследете слајд шоу на следниот линк
8 конференција за Е-општество















РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА МУЛТИЕТНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Со проектот за мултиетничко образование, финансиран од Амбасадата на Кралството Норвешка, Министерството за образование и наука ја вклучи и Општина Велес.
Општина Велес во овој проект се вклучи преку основните училишта во кои учат претежно ученици од мешан етнички состав.
Тргнувајќи од фактот дека овој проект има за цел да се интегрираат учениците од етнички чистите и мешаните средини, да ја запознаат меѓусебната култура, традиција и обичаите и јазикот на другата заедница, Општина Велес се обиде да направи интграција на овие активности и да ги вклучи учениците од сите основни училишта на територијата на општината.
За таа цел беше организирана заедничка средба со директорите на сите основни училишта, на која беа договорени активностите и планот за реализација на проектот кој содржи две фази.
Првата фаза: Летен камп опфаќа ученици - претставници од сите основни училишта во Општината или вкупно  12 ученици и двајца одговорни наставници.
Втората фаза: Мулти-култи автобус опфаќа ученици од четири основни училишта : ООУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, ООУ „Благој Кирков“, ООУ „Васил Главинов“ подрачно училиште во с. Бузалково и ООУ„ Рајко Жинзифов“ с. Горно Оризари.
Беа формирани четири групи од по 10 ученици и по еден одговорен наставник во група.
Реализација:
Летниот камп:  учествуваа 12 ученици од сите основни училишта во Општина Велес се одржа од 29 септември до 5 октомври 2012 година.
Реализацијата на активноста  се одвиваше без проблеми. Учениците и одговорните наставници високо  го оценија степенот на организацијата, улогата на МОН и можноста да се учествува на една ваква средба и меѓусебно дружење.
Многу позитивно беше оценето опфаќањето на учениците од сите основни училишта во општината во овој проект.
Мулти-култи автобус: учествуваа вкупно 40 ученици од 4 основни училишта и 4 одговорни наставници.
 Релацијата на активноста се одвиваше без проблеми. Учениците и одговорните наставници високо го оценија овој проект, како и оргабнизацијата и учеството на Министерството за образование и наука и Општина Велес.
Училиштата кои беа опфатени со проектот одговорно пристапија кон своите задачи и обврски, поради што и сите планирани активности Општина Велес можеше да ги заврши во предвидениот рок и без посебни тешкотии.
Двете училишта, ООУ „ЈХК Џинот“ и ООУ „Благој Кирков“ беа домакини на 80-те учесници  на Мулти-култи автобусот од четвртата група  кои во Велес престојуваа на 9-ти ноември, односно на Денот на ослободувањето на Велес.
За учесниците на Мулти-култи автобусот во Велес беше организирана посета на неколку културно-историски објекти во градот и тоа: Црна џамија, манастирот „Св. Димитрија“ од 14 век, родната куќа на Коста Солев Рацин и Народниот музеј во Велес.
Во подготовката на програмата и прифаќањето на учесниците од Мулти-култи автобусот  учествуваше севкупниот наставен кадар од двете училишта.
Заклучок:
Сите инволвирани страни во реализацијата на овој проект своите задачи ги реализираа многу професионално и одговорно.
Проектот во целост  ја постигна својата цел. Учениците, родителите и наставниците позитивно го  оценија овој начин на меѓусебна комуникација и запознавање на учениците. За добар дел од учениците ова претставува ново доживување од кое тие имаат многу позитивни впечатоци. Учениците брзо се запознаа меѓу себе, воспоставија комуникација, разменија контакти и осознаа многу повеѓе за различностите кои треба да не спојуваат, а не да не разделуваат. Добро би било доколку проектот продолжи и во наредниот период.


Саат кула -Штип





Колешински водопад-Струмица



Плоштадот во Струмица

Дојран



На 19, 20 и 21.10.2012 се реализира  рекреативна екскурзија  со ученици од 8 општини и 8 наставника, и претставници од МОН.
Од  Велес учествуваа  следните ученици: Адије Мачева, Мутлу Ѓул Кариманова, Јована трајковска, Флорије Имери, Севда Лимани, Сибела Лакота, Аделина Мустафче, Вања Коџабашиева, и Реџеп Усеинов.
Од Велес тргнавме во 10,00  и прво го посетивме Штип  каде не пречекаа од ООУ,,Димитар Влахов,, и ни приредија прекрасна програма. Потоа следеше прошетка низ Штип и запознавање со неговите знаменитости, музејот, црквата, саат кулата. Навечер пристигнавме во Дојран во  хотелот  Престиж каде ни беше послужена  вечерата. Децата и наставниците добија бели мајци и капи.
Утредента после појадокот се упативме кон Колешино и ги посетивме прекрасните Колешински водопади, децата беа воодушевени се дружеа и  сликаа заедно.
Потоа следеше прошетка низ Струмица, го посетивме центарот на градот и Глобал центар. Потоа се вративме во Дојран на ручек, следеше  одмор и потоа вечера. После вечерата имаше забава за учениците кои беа презадоволни и весели Утредента после појадокот тргнавме за Велес .
На следниот линк може да проследите слајд шоу од настанот:

No comments:

Post a Comment