Денес е убав ден.
Светол, значаен за човештвото и за нас луѓето.
Светол, значаен за човештвото и за нас луѓето.
Денес е почеток на пролетта – Ден на екологијата.
Секојдневно сме сведоци на разни уништувања на мајката природа преку еколошките катастрофи со огромен размер.Големите нарушувања во природата ги прави и човекот.Треба да бидеме вистински чувари на здрава животна средина зашто ќе го развиеме системот на вредности, одговорност и обврска да бидеме чувари на својата иднина.
И токму тоа е причината што нашето училиште ООУ„Рајко Жинзифов“ ја започна својата Еко приказна. Аплицирајќи во програмата „Како да се стане Еко училиште“ стигнавме до највисокото зелено ниво – Зеленото знаме.
Во присуство на претставници од граѓанската асоцијација ОХО, што ни ја додели оваа награда, претставникот од МОН г-дин Љупчо Спасовски, гости од БРО, од Општина Велес, директори од повеќе општински училишта, родители – членови на Еко одборот и други гости, денес свечено го подигнавме зеленото знаме во дворот на ООУ„Рајко Жинзифов“ а потоа засадивме и повеќе борчиња.
Потоа следуваше пригодна програма посветена на овој свечен ден.Ја засадивме иднината и сонот за пошумена Македонија.Ја боиме нашата татковина во зелено.Растеме заедно кон нова и подобра иднина.
Пеење на Еко химна |
Подигање на Зеленото знаме |
Засадување на садници |
Координатор на Еко проектот |
Директор на ОХО организацијата |
Претставник од МОН |
Изјава од Директорот на училиштето м-р- Рефика Селмановиќ |
Ритмичка група |
Екологисти - рецитал |
Ученици од 3 одд- Превалец |
Ритмика -2одд. |
Тим од наставници |
Еко кодекс |
No comments:
Post a Comment