Friday, March 25, 2011

21 Maрт - Ден на екологијата


                            Денес е убав ден. 
    Светол, значаен за човештвото и за нас луѓето.
    Денес е почеток на пролетта – Ден на екологијата.
 Секојдневно сме сведоци на разни уништувања на мајката природа преку еколошките катастрофи со огромен размер.Големите нарушувања во природата ги прави и човекот.Треба да бидеме вистински чувари на здрава животна средина зашто ќе го развиеме системот на вредности, одговорност и обврска да бидеме чувари на својата иднина.
И токму тоа е причината што нашето училиште ООУ„Рајко Жинзифов“ ја започна својата Еко приказна. Аплицирајќи во програмата „Како да се стане Еко училиште“ стигнавме до највисокото зелено ниво – Зеленото знаме.
  Во присуство на претставници од граѓанската асоцијација ОХО, што ни ја додели оваа награда, претставникот од МОН г-дин Љупчо Спасовски, гости од БРО, од Општина Велес, директори од повеќе општински училишта, родители – членови на Еко одборот и други гости, денес свечено го подигнавме зеленото знаме во дворот на ООУ„Рајко Жинзифов“ а потоа засадивме и повеќе борчиња.
 Потоа следуваше пригодна програма посветена на овој свечен ден.Ја засадивме иднината и сонот за пошумена Македонија.Ја боиме нашата татковина во зелено.Растеме заедно кон нова и подобра иднина.

 

Пеење на Еко химна
Подигање на Зеленото знаме

Засадување на садници

Координатор на Еко проектот

Директор на ОХО организацијата

Претставник од МОН

Изјава од Директорот на училиштето м-р- Рефика Селмановиќ

Ритмичка група

Екологисти - рецитал

Ученици од 3 одд- Превалец

Ритмика -2одд.
Тим од наставници

Еко кодекс

Saturday, March 19, 2011

Списанието ,,Глас,,


                                         Списанието ,,Глас“

          ..Глас“ е списание кое традиционално  го издава нашето училиште и  во секој негов број се   сумирани дел од активностите и успесите на училиштето. Тоа  претставува радост за учниците и гордост на вработените.
           Идејата за вакво списание постоеше  многу одамна,  но  се преточи во стварност на 24  февруари 2005 година кога излезе првиот број од списанието ,,Глас“. За името на списанието воопшто не се размислуваше, тоа како да беше кажано многу одамна пред излегувањето на нашиот првенец. Името го доби во чест на нашиот патрон, поет и учител  Рајко Жинзифов , чиј ГЛАС е постојано  присутен и одекнува во сите нас. Истовремено списанието е   ГЛАС на успесите на учениците и вработените.
          Излегува секоја година во месец февруари кога со низа активности го одбележуваме птрониот празник.
    Седмиот, последен број излезе на 7 февруари 2011 година.
Во секој број се застапени успесите на учениците во период од еден до друг патронат, активности на секциите , проектни активности , од работата на стручните активи, а  секако свое место  наоѓаат текстови од дневниците на педагогот  и директорот на училиштето.
Број-1

Број-2
Број- 4

Број-3




Број- 5

Број- 6

Број- 7

Sunday, March 13, 2011

За Рајко Жинзифов


                               РАЈКО ЖИНЗИФОВ



                                                                (1839 – 1877)
             Рајко Жинзифов  е истакнат поет, културен работник и преродбеник, кој припаѓа на првата поетска генерација во новата македонска литература од XIX век. Современик е на Константин Миладинов и Григор Прличев, а неговите дела  се со мотиви и теми  од времето во кое жиивеел - преродбата.  
            Патронот на нашето училиште  е  роден 1839 година во Велес  по  име Ксенофон. Растел и се школувал во угледно семејство со татко грчки учител , кој го воспитувал во елински дух. Оновно грчко училиште учел во Велес, а потоа заминал во Прилеп каде татко му учителствувал , а тој му помагал. Кај младиот Жинзифов започнала да се буди словенската народна свест под влијание на учителот Димитрија  Миладинов. кој дошол  во Прилеп (1856) и активно се посветил на  преродбенската дејност. Како резултат на националното будење на Жинзифов, грчкото име Ксенофон го заменил со Рајко. Наредната година  Димитар  Миладинов добил преметување   во Кукуш, а со себе го повел и Жинзифов како помошник - учител . Разбудениот Жинзифов во Кукуш се залагал за отстранување на грчкиот јазик од училиштата.
            Несебичната помош и заложби на Димитрија  Миладинов и Партенија Зографски во 1858 год. придонесуваат  Жинзифов да добие стипендија за школување во Русија. Преку Одеса заминал во Москва каде  се подготвил и во  1860 година  се запишал  на московскиот универзитет  на Историско - Филолошкиот Факултет. Таму контактирал  со македонските и бугарските студенти, каде особено се здружил со  Константин  Миладинов, па му го предал собраното народно творештво од брата му  и неговите песни собрани во татковината. Кога почнува да  излегува списанието,,Брати труд“ тој станува едн од неговите оловенските краишта под турско ропство. Студиите ги завршува 1865 год. и останува да живее и работи  во Русија како професор на различни московски гимназии сè до крајот на својот живот. Интересно е да се одбележи дека само еднаш ја посетил својата татковина од заминувањето за Москва.
    
„Глас“
од Рајко Жинзифов



Далеч од баштина, далеч од роднини,
Не в чужда за мене земја,
В полјани кичести, зелени долини,
Самичак в планина шетам ја.
Ја сја расхождам, но на душа ми тешко
И једни мисли мене борат,
И мене стават то студено, то жешко,
И чувства то гаснат, то горат.
Ја искам сенка, ја искам прохлада,
Душевна ја искам тишина,
Че клето ми срце доста вече страда,
И сја нагледа вцекаква злина:
Коварство сос бедност, сос гордост лукавство,
Сон мртов, глупава простота,
Љубов на слова, и слога без братство,
И хитрост, лâжлива доброта.
„Безумец, безумец душа ти леница,-
Ја чух невиден и таен глас -
Спреги плуг за заборавената нива,
Че блиска ет доба, близок ет час.
Стани, земи остен в рâце, работај
Ти ден и ношт, сос пот,
Истреби трње, исчисти троскот, изорај
Бесплодна нива да дадит плод.
Стани, безумец сос молитва горешта
Ти клетва дај, стори си крст,
Стани ти, иди напред, иди на срешта,
Но бој сја, бој сја, Божји прст“.
- Готов сум, сја кâлнам, да изорам нива.
Кажи кој си ти, невиден глас?
„Чуј! - загрме, глас сја одзива -
Ја сум Божји гнев, народен глас!“

Friday, March 4, 2011

Мисија, Визија, слогани и мото

МИСИЈА    НА УЧИЛИШТЕТО
Место каде сите со задоволство  ќе творат и ќе се стремат кон усвојување на нови  знаења и нивно понатамошно надградување
           ВИЗИЈА  НА  УЧИЛИШТЕТО
Училиште отворено за соработка и партнерство
SLOGANI
  Otvoreni za promeni ~ekorime cvrsto kon 
uspesite.

 У~име за да знаеме - знаеме за да мо`еме.

Компјутер за секое дете - отворен прозорец кон светот.

На крилјата на технологијата во лет кон поголеми успеси.

Чистотата во светот да царува , природата со убавина да не дарува.
Судбината на планетата да ја чуваме, еколошката свест кај секого да ја негуваме.
               MOTO

   ЗАЕДНО ПО ПАТОТ НА УСПЕХОТ
Мото